Interview for OKNO

Здраво Кристина, според темите кои ги обработуваш изгледа како да живееме во интересни времиња?

Прилично интересни, но за жал не онака забавно­интересни како што би сакале да бидат. Секој историски период секако има свои предизвици и борби кои придонеле за револуционерни општествени промени (право на глас на жените, усвојување на Универзална декларација за човекови права, итн.), но последниве случувања на глобалната светска мапа почнувајќи од сè поголемата популарност на десничарските националистички движења, бегалската криза, затворањето на границите и подигнувањето на ѕидови и бариери до забрани за абортус, нè наведува да помислиме дека и покрај сите цивилизациски придобивки ...

okno.mk 10.03.2017